АНАЛИЗА: Како работел јавниот сервис МРТ, за што се трошеле парите?

785

Патните и транспортните трошоци во пораст, приходите од реклама во пад. Во 2017 година значајно е намален приходот од наплата на радиодифузна такса како резултат на укинување на обврската грдаѓаните да плаќаат РДТ. Јавното радиодифузно претпријетие МРТ, кое чека на длабоки квалитативни реформи и депратизација, го објави консолидираниот Финансиски извештај за работата во 2017 година, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Во исто време, во Собранието на усвојување е Годишната програма за работата на МРТ. За плати се потрошени повеќе од 6 милиони евра а повеќе од 60 000 евра завршиле за надоместоци на членовите на Програмскиот совет и Надозрниот одбор.

Приходите од маркетинг – скоро преполовени ?

По сите основи, во 2017 година Јавното радиодифузно претпријатие МРТ располагало со приходи од 16,9 милиони евра додека во истата година расходите изнесувале 16,7 милиони евра. ПО укинување на законската обврска за плаќање на РДТ, на приходната страна значајно се намалени приливите по овој основ. Ако се анализира консолидираниот Финансиски извештај, на приходната страна по основ на РДТ се слеале 9,5 милиони евра, додека во 2016 година преку оваа ставка се обезбедиле 13,0 милиони евра. Приходите од централниот Буџет, согласно Законот за ААМУ

за финансиска поддршка на МРТ изнесувале скоро 4 милиони евра, по основ на финансирање на радиодифузна дејност од Буџетот биле префрлени 2,4 милиони евра. Министерство за култура за поддршка на домашната музичка продукција префрлило 115 838 евра а преку Министерство за информатичко општество пак се транферирале 102 000 евра. Вкупно, по овие четири основи, практично преку Буџетот, на сметката на МРТ се слеале нешто повеќе од 6,6 милиони евра.

Во 2017 година приходите на реклами во однос на оствареното во 2016 година речиси се преполовени, па така лани од маркетинг, МРТ наплатила 407 866 евра додека во 2016 година остварувањето било 719 203 евра.

Доминираат трошоците за вработените …

На расходната страна, и натаму во структурата доминираат трошоците за вработените. Конкретно лани, Јавното радиодифузно претпријатие потрошило 16,7 милиони евра и во однос на остварените трошења во 2016 година, тие се намалени за 7,5 %. Од вкупните расходи, трошоците за вработените изнесувале 6,3 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...