СОС Балканмедиа Охрид, на Анастасија Илиевска од Охрид и донираше електричен скутер за лица со посебни потреби, во рамки на донаторска акција на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите.
„Како и во изминатите две години, СОС Балканмедиа со помош на своите донатори, активно работи да овозможи полесен живот на лицата со посебни потреби. Со оваа донаторска акција, СОС Балканмедиа Охрид и овозможи на Анастасија Илиевска да ги задоволува своите основни животни потреби и непречено да се движи низ Охрид и пошироко“, соопшти здружението.
Вредноста на донацијата изнесува 9.000 евра, таа е обезбедена од страна на СОС Балканмедиа, која изразува посебна благодарност до фирмата „Руски транс“ ДОО Охрид и сопствениците Никола и Аце Јовановски. Посебна благодарност и до Зоран Денесовски, член на УО на СОС Балканмедиа.