Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10 

69

Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки е нормализиран, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија.

„Екипите на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија по остранувањето на вагоните беа максимално мобилизирани и работеа до утринските часови со што во целост ја санираа пругата и ја оспособија за нормално одвивање на железничкиот сообраќај“, соопшти јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека со ова е овозможено непречено одвивање на железничкиот сообраќај на Коридорот 10, односно на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки.

Железничкиот сообраќај на оваа делница беше во прекин поради несреќа што се случи изутрината околу 2 часот на 3 јули, кога товарниот воз се излизга од шините. Немаше повредени лица, а причинета беше материјална штета.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...