Ноле славеше победа со „Македонско девојче“ ВИДЕО

3491

Новак Ѓоковиќ им приреди незаборавна вечер на своите навивачи по победата во 3. коло од Вимблдон против Хуркач.

Заедно со физиотерапевтот Миљан Амановиќ се вклучи во живо на Инстаграм од станот во кој е сместен во Лондон и покаќа дека знае да игра стомачен танц, да пее  на арапски, а во еден момент ја запеа и „Македонско девојче“ за сите свои пријатели во Македонија.

„Ех, да сум сега крај Охридско езеро“, извика тој и раскажувајќи за убавините на македонскиот град побара да му се изспрати фотографија од Охрид.

видео: Спорт 1

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...