Брегу побара „Шенген“ во Западен Балкан

Резултатите од Самитот во Познањ се регионална Декларација за заемно признавање на високошколските квалификации, што ќе им овозможи на младите да имаат полза од моделот на автоматско признавање на дипломите и период на студирање на вискошколски установи, како и Декларацијата за Ромите, со која Западен Балкан се обврзува да работи решително за целосна интеграциа на ромското население во регионот.

1014

Механизам сличен на Шенген од државите на Западен Балкан побара генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка Мајлинда Брегу, укажувајќи дека недоволно се експлоатираат можностите за регионалната соработка.

– Граѓаните на Западен Балкан треба слободно да се движат со лична карта, а регионот треба да ги отстрани структурните пречки за трговија и инвестиции. Време е во регионот да се примени механизам сличен на Шенген, за да се овозможи патување во целиот регион и да се отвора пат за постепено минување на слободно движење на граѓаните. Слободата на движење е основен предуслов за регионалните економски интеграции, а РСС е подготвен да ја преземе одговорноста – изјави Брегу на Самитот на лидерите на Западен Балкан во Познањ.

Резултатите од Самитот, како што соопшти РСС, се регионална Декларација за заемно признавање на високошколските квалификации, што ќе им овозможи на младите да имаат полза од моделот на автоматско признавање на дипломите и период на студирање на вискошколски установи, како и Декларацијата за Ромите, со која Западен Балкан се обврзува да работи решително за целосна интеграциа на ромското население во регионот.

РСС е еден вид оперативно тело на земјите членки на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, чиј основач и член е и Македонија, а од страна на лидерите на Западен Балкан и ЕУ му е доверена и улогата на координатор за спроведување на задачите и целите од Повеќегодишниот акциски план за заеднички економски простор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...