Трамп сака во пописот изјаснување и за државјанството

633
Photo: EPA / JIM LO SCALZO

Американскиот претседател Доналд Трамп вели дека сериозно размислува да го вклучи и прашањето за државјанството за пописот на населението што треба да се спроведе во САД во 2020 година.

Одделот за правда на САД вели дека тие продолжуваат да бараат правни опции со кои ќе се вметне тоа прашање во прашалникот.

Уставниот суд на САД претходно забрани тоа прашањето да биде на пописот на населението, а веќе почнато е печатење прашалници без тоа прашање.

Трамп сака во прашалникот да се најде и прашањето – „Дали сте државјанин на САД?”

Тоа прашање не е поставено во пописните прашалници од 1950-тите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...