Нова „бомба“ за Рашковски

2984

Порталот Лидер вечерва објави нова аудио снимка од разговорот кој се водел помеѓу генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, и претставници од италијанската компанија „Леонардо“, во врска со тендерот за набавка на радарски систем.

Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, бил свесен дека не смее да разговара со компанијата „Леонардо“ околу јавната набавка за М-НАВ – затоа што тендерот се уште не бил комплетиран – но и покрај тоа инсистирал состанокот да се одржи и на истиот ги притискал претставниците на оваа државна компанија да го протнат тендерот. Ова го открива втората аудио-бомба за случајот „Леонардо“ која ја објавува Лидер.

Од порталот велат дека утринава свиркач до редакцијата доставил мемориски стик со аудио материјалот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...