Шекеринска: Новите униформи на Армијата според Уставот и Уредбата на претседателот

308

Новите униформи ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Уредбата на претседателот. Во Преспанскиот договор имаме одреден период на транзација и никој не очекува работите да се променат преку ноќ, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, одговарајќи на новинарско прашање кога може да се очекува да бидат заменети ознаките и да се набават нови унформи за Армијата откако вчера претседателот Стево Пендаровски ја потпиша Уредбата за преименување на АРМ.

Новата процедура, како што рече, ќе започне согласно со новата Уредба на претседателот и за тоа ќе треба време согласно закон.

– Не е добро да се влечат процедурите и да се работи без процедури. Тоа го кажавме  од почетокот. Можевме да прифатиме униформи кои нема да одговараат на стандардите и на спецификациите, но рековме дека со неквалитет армијата и досега платила голема цена – рече Шеќеринска.

Таа рече дека не се фокусирани за замена на униформите на Денот а Армијата – 18 август, со оглед дека станува збор за борбени, а не за службени униформи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...