Maја Трпковска, мајката на убиениот Пинета Секондо ПИно, попладнево е приведена во скопската полициска станица Беко. Заедно со Трпковска приведени се уште две лица.
„Во 17.45 часот додека во центарот на Скопје се одржувала манифестација поврзана со вежбата „Одлучен удар“ три лица Н.О. , М.Т. и Д.Д. го нарушиле јавниот ред и мир и не почитувале наредба на полициски службеници односно ја попречувале полицијата во извршување на службени дејствија. Лицата се приведени и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.
Маја Трпковска со месеци изразуваше незадоволство од одделот за потраги во МВР, откако нејзиниот син исчезна во декемврилани, а се додека случаен минувач не го пронајде мртов, со месеци немаше никаков напредок во полициската истрага.