Како едно колективно потсетување за сите до каде е реално дојдена работата со заштитата на Охридскиот регион, од денеска ќе знаеме уште точно колку време остана до 1 февруари преку „UNESCO: Бројчаникот“ на охридскиот информативен портал Охридпрес.
„Бројчаникот ќе остане до 1 февруари и ќе не потсетува сите, а особено одговорните и најзасегнатите за важноста, но овој пат и за брзината со која мора да ги носат одлуките“, порачуваат од Охридпрес и од Супер радио.