Барселона и ПСЖ ги продолжуваат преговорите за враќање на Нејмар во Камп Ноу, а за да ја намали цената на трансферот на францускиот клуб ќе му го понуди Филип Кутињо.
Каталонскиот клуб се обидува да ја намали цената за бразилскиот фудбалер и негова цел е да испрати дел од своите играчи наместо пари од ПСЖ, прв на листата е Кутињо, но француските медиуми известуваат дека парискиот клуб во замена бара друг играч.
Ле Парисиен објави дека францускиот шампион и порачал на Барселона дека сака да го донесе 22-годишниот Малком, поранешен играч на Бордо, кој не се снашол во Камп Ноу, каде играше само 24 натпревари и постигна само четири голови за клубот што му плати 40 милиони евра за минатата сезона.
Инаку Малком претходно кога играл за Бордо имал добра соработка со Леонард, сегашниот директор на ПСЖ.