Според неа, ЕУ презема многу активности „за пријателите од Западен Балкан да можат имаат полесен пат до членството во Унијата“, се со цел оваа европска перспектива да стане реална.
– Го делам мислењето на претседателот Макрон за тоа дека механизмите на работа на ЕУ треба да се подобрат – рече Меркел, подвлекувајќи дека тоа, меѓутоа, не е повод за прекинување на преговорите за приклучување на новите земји кон ЕУ.
Таа посочи дека следната година Бугарија и Северна Македонија ќе претседаваат со иницијативата „Берлински процес”.
Полскиот премиер Матеуш Моравецки изјави дека тешкиот процес на интеграција на Западен Балкан, сепак, се одвива во правилна насока.
– Веруваме дека оваа интеграција наскоро успешно ќе заврши и дека уште шест земји ќе станат дел од ЕУ – рече тој.