„Jас како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија уште пред 30 дена добив покана за настан кој ќе се одржи во Мерсин, Турција по повод средба и соработка помеѓу пратениците Роми од регионот.
Најпрво требаше да одржам средба со градоначалникот на Мерсин, г-дин Вахап Шеќер, со хрватскиот пратеник, г-дин Вељко Кајтази, како и со група пратеници во Парламентот на Турција, во делот на проблематиката за Ромите во Европа и надвор од неа.
Јас како пратеник требаше да говорам заедно со Џемал Бекле, пратеник во Собранието на Турција, Вељко Кајтази – пратеник во Собранието на Хрватска на сесијата наречена: „Итноста од политичка поддршка на Ромите и мејнстрим медиумите со цел борба против антициганизмот“ (дискриминација врз Ромите од секаков вид).
Не ми се дозволи да патувам иако организаторот обезбеди хотелско сместување и храна.
Собранието на Република Северна Македонија требаше да обезбеди само авионска карта која чини околу 290 евра.
Му благодарам на Претседателството на Собранието и ги прашувам како ќе одат во Соединетите Американски Држави ако немаат пари.
Доколку дознаам како пратеник дека поради тоа што сум Ром не ми дозволуваат да патувам или сум дискриминиран, тогаш нема ни потреба да бидам во тоа Собрание“, порачува Ибраимовски.