Италијанските медиуми пишуваат дека Хју Грант ѝ го зел мобилниот телефон на непозната жена покрај која поминувал, бидејќи мислел дека е папарацо.
Британскиот актер се шетал во Рим заедно со неговата сопруга Ана Елизабет Еберштајн, кога налетале на Луиса Мелара, директорка на компанијата за комунален отпад АМА.
Мелара ги снимала работниците кои фрлале градежен отпад во подрачје наменето само за отпад од домаќинствата. Во тој момент се нашла пред сопругата на Грант, а славната двојка тоа мошне ја налутило, пишува италијанска „Република“.
Во видеоснимката што ја објавиле, најпрво се слуша женски глас, кој веројатно припаѓа на сопругата на Грант, како на англиски јазик зборува: „Извинете, што правите? Баш убаво, глупава п…о“.
На тоа Грант ѝ рекол: „Не стојте пред мојата сопруга”, а потоа со рака ѝ го зграпчил мобилниот.
Мелара тврди дека не ги препознала актерот и неговата сопруга, и дека застанала пред нив за да не поминат пред мобилниот додека снимала.
– Грант кој беше зад мене, посегна и му го одзема мобилниот. Го земав назад и му реков дека не е пристоен. Му реков дека сум на чело на римската компанија за собирање на отпад – рекла Мелара.
Градоначалничката на Рим Вирџинија Раги верува дека за проблемите на тој град со отпадокот се одговорни организирани поединци.
Како што наведува, Грант ѝ го одзел мобилниот телефон, но таа си го зела и му рекла дека не е пристоен.
Грант се ожени за Еберстајн лани, по долгогодишна врска. Тие имаат три деца, родени во 2012., 2015. и 2018 година.