Припадници на Националната гарда на Албанија од денеска се грижат за безбедноста на претседателот на Централна изборна комисија, ЦИК, Климент Згури и членовите на неговото семејство, јави тиранската телевизија Ора њуз.
Ваквата одлука е донесена по смртните закани што беа упатени по неговиот и животот на членовите на неговото семејство, во врска со локалните избори спроведени на 30 јуни.
– Заканите му биле упатени по состанокот на ЦИК, каде што имаше жолчна расправа и неусогласени ставови за барањето за повторно пребројување на гласачките ливчиња од изборите на 30 јуни, побарани од дел на партиите што учествуваа на изборите. Згури е против повеќето одлуки донесени од страна на мнозинството членови на ЦИК, заедно со потпретседателот Денар Биба – наведува телевизијата.
Згури меѓу другото беше и против отфрлањето на уредбата на претседателот на државата Илир Мета за одложување на локалните избори, тврдејќи дека истата е во согласност со изборниот законик и уставните надлежности на шефот на државата.
Со идентичен став беше и претходниот претседател на ЦИК и еден од најпознатите експерти од оваа област,Кристаќ Куме.