Груевски: Немој кога ќе се вратам да го видам автопатот упропастен!

5444
ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Поранешниот премиер, а сега бегалец, Никола Груевски, повторно се јави на Фејсбук овој пат со објава за автопатот Миладиновци-Штип.

„Да прашам, за тие што веќе го пробале, како е новиот автопат Скопје-Штип?“, вели Груевски, по што тој во негов стил, на долго пишува што и кој направил како и за судските процеси кои се водат поради автопатите.

На крај, Груевски завршува во шегобит стил.

„Но, како и да е, нека е аирлија автопатот Скопје-Штип за сите кои ќе го возат. Овие лоповите од власта, нека се потрудат барем да го одржуваат како што треба. Немој кога ќе се вратам да го видам упропастен! Поздрав од Будимпешта“, пишува Груевски.

ФОТО: EPA/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...