Камчев немаше што да каже за апсењето на Бошковски, бомбите биле сечени и лепени

1200

Бизнисменот Јордан Камчев денеска се појави во судница да сведочи за случајот „Тортура“ на СЈО кој се однесува на начинот на апсењето на Љубе Бошковски ден по парламентарните избори во 2011 година.

– Познато ми е тоа што го видовме сите од медиумите, еден човек примил мито, и МВР го уапсило – рече Камчев кој поосичи дека како и сите други и тој за случајот разговарал телефонски со многу луѓе.

Обвинителот Љубомир Лапе се обиде да го праша за разговорот со новинарската Оливера Трајковска, но тој рече дека не ги признава бомбите, не ги смета за автетични и оти истото го кажал во обвинителството кога пред 4 години давал исказ.

Камчев на почеток им се обрати на СЈО зошто направиле скандал на претходното рочиште дека не се појавил, кога тој воопшто и не примил покана.

На тоа од судот му објаснија дека имале писмен доказ оти ја примил поканата и затоа издале наредба за стражарно приведување, но оти истата е пивлечена поради тоа што било оправдано отсуството.

Камчев исто така посочи дека тој вусшност не ја примил поканата и потписот не е негов.

Пред него, сведочеше новинарката Оливера Трајковска која рече дека снимката е автентична. Тие сведочат по предлог на СЈО, остануваат уште двајца сведоци по кои одбраната ќе почне со изведување на докази. Првообвинет е Сашо Мијалков, а со него на обвинителна клупа се и шестмина припадници на Алфите.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...