Рускиот хокеар и капитен на Вашингто, Александар Овечкин го освои трофејот „Морис Ричар“ постигнувајќи 49 гола во регуларниот дел од сезона во НХЛ.
32-годишниот Русин по седми пат стана најдобар стрелец во американската лига. Претходно тој до престижното признание стигнуваше во: 2008, 2009, 2013, 2014, 2015 и 2016 година.
Овечкин е втор играч во историјата на НХЛ кој ја освои оваа награда по седми пат. Тоа го има сторено о Боби Хул од Чикаго.