Френки де Јонг: Сега мојот идол ќе биде мој соиграч

272
ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA

Новиот играч од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг го направи првиот коментар во каталонскиот дрес. Денес ќе биде официјалната презентација на Холанѓанецот.

– Многу сум среќен што конечно сум тука. Како дете мојот сон беше да играм за Барселона и сега конечно сум тука, тоа е одлично. Немам трпение да стапнам на „Ноу Камп“ за прв пат. Среќен сум што ќе имам можност да играм со Меси, кого секогаш сум гледал. Сега мојот идол ќе биде мој соиграч – вели Холанѓанецот.

Според него, филозофијата на Барса е многу слична со онаа на Ајакс, што за него е одлично.

– Барса и Холандија отсекогаш имале одлична, посебна врска и јас се надевам дека ќе ја продолжам традицијата. Сакам да бидам меѓу великаните холандски фудбалери кои играле за Барса – додаде Френки.

ФОТО: EPA / ALEJANDRO GARCIA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...