40 деца со церебрална парализа во нов објект на Центар

196

Четириесет деца од Центарот за деца со церебрална парализа од идната недела ќе се преселат во нов времен објект до ООУ „ 11 Октомври“, кој е во сопственост на општина Центар.

Поради изградбата на новото училиште во населбата Капиштец, имаше потреба од дислокација на Центарот. Но и условите за престој на децата во досегашниот објект не беа на потребното ниво.

Новата локација е со површина од 250 метри квадратн, и е целосно адаптирана за престој на овие лица. Изградена е рампа за пристап до улицата.

– Овој објект ќе биде нивно убаво катче за престој, рекреација и забава во текот на периодот до изградба на училиштето. Новиот простор е во согласност со стандардите за пристапност, движење и опслужување на лицата кои се движат со помагала со соодветно прилагодени тоалети – велат од Општина Центар.

Објектот, општина Центар ќе го предаде на Министерството за труд и социјална политика која треба да ја пресели опремата.  Децата ќе имаат физиотерапевтска и дефектолошка поддршка по сите принципи и стандарди. По изградбата, тие добиваат на користење 300 метри квадратни простор и најсовремени услови во новото училиште „Капиштец“ .

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...