Кабрал: Со поткуп од два милиона долари Рио де Жанеиро стана домаќин на ЛОИ

Тој нагласи дека поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва и поранешниот градоначалник на Рио, Едуардо Паеш знаеле за купувањето гласови.

59

Поранешниот гувернер на Рио де Жанеиро, Сержио Кабрал, изјави вчера пред суд дека платиле два милиона долари за да биде избран тој град за домаќин на Олимписките игри во 2016 година.

Купувањето гласови било направено со помош на поранешниот претседател на Меѓународната федерација за атлетика Ламин Диак, изјави Кабрал пред судот каде се води процес поради тврдења за корупциски шеми поврзани со избор на Рио за домаќин на ЛОИ.

Кабрал е во затвор од 2016 година и е обвинет за неколку случаи на корупција за време на мандатот (2007-2014).

Тој нагласи дека поранешниот бразилски претседател Луис Инасио Лула да Силва и поранешниот градоначалник на Рио, Едуардо Паеш знаеле за купувањето гласови.

Рио беше избран за домаќин на ЛОИ со гласање во 2009 година во Копенхаген, а во таа трка беа и Мадрид, Чикаго и Токио.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...