Поради пожар во внатрешноста на леталото, авион принудно слета во Бостон

Сите 217 патници на летот 138 од Њујорк и екипажот се неповредени по слетувањето.

108

Авион на компанијата „Вирџин Атлантик“ што летал од Њујорк за Лондон, принудно слетал во Бостон поради пожар во внатрешноста на леталото.

Полицијата соопшти дека екипажот го изгаснал пожарот.

Сите 217 патници на летот 138 од Њујорк и екипажот се неповредени по слетувањето.

Според полициски извори, пожарот е причинет најверојатно од дефект во електричниот систем на едно од седиштата за патници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...