Со реакција за обвинувањата на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски кон него, се јави и разрешениот директор на техника во М-НАВ, на Климент Чепуњоски.
Реакцијата која ја објави ТВ 24, е објавена во целост:
„Почитувани, во последните неколку дена, а особено на прес-конференција за печат, г-дин Рашковски изнесе цела низа на неосновани и невистинити обвинувања против мене.
Во насока на одбрана на мојата чест, углед и достоинство, а особено мирот на моето семејство, фактите и аргументите кои ги побиваат тврдењата на г-дин Рашковски ќе ги изнесам пред надлежните органи“, вели Чепуњоски во реакцијата.