По бегството на неговата ќерка од палатата, Латифа Мухамед ал Мактум, владетелот на Дубаи, Мухамед бин Рашид Мактум остана и без својата најмлада сопруга. Се претпоставува дека принцезата Хаја сега се крие во Велика Британија со своите две деца, а наводно му земала 35 милиони евра.
Откако ќерката на владетелот на Дубаи, Латифа Мухамед Ал Мактум, се обидела да побегне од својот строг татко, се раширила веста дека и неговата сопруга го направила истото.
Најмладата сопруга на владетелот на Дубаи со месеци внимателно го планирала бегството во Лондон, и тоа откако нејзиниот сопруг, Мухамед бин Рашид Мактум, лажел дека не ја заробил и мачел својата постара ќерка.
Нејзините пијатели рекле за „Мејл онлајн“ дека принцезата Хаја Бинт ал Хусеин побегнала од Дубаи кога слушнала како шеикот Мухамед ја третирал својата ќерка, принцезата Латифа. Не сакала да и се случи истата судбина.
На својата сопруга Хаја шеикот ѝ рекол дека Латифа била киднапирана и жртва на изнуда, па морале да ја враќаат во Дубаи, но таа самата вели дека тоа не е вистина и дека се обидувала да побегне од Дубаи и да започне нов живот во САД.
Се претпоставува дека принцезата сега се крие некаде во Британија со две деца, а спремна е и за развод и старателство над децата.
Хаја од Дубаи побегнала во мај, пво во Германија, а потоа во Велика Британија. Шеикот против неа поднел и тужба, а медиумите велат дека таа сега живее во куќа вредна 85 милиони фунти.
Потсетуваме, Латифа побегнала и минатата година, но не стасала далеку, ја фатиле специјалните служби и сега се наоѓа во затвор. Пред да победне направила снимка каде што вели дека нејзиниот живот е лажен и дека е мачена.
Кога Хаја слушнала дека шеикот е способен и сопствената ќерка да ја стави во затвор, почнала да ставува за својот живот и децата.
Инаку Латифа и Хаја немале заеднички пријатели ниту пак, често се среќавале.
FOTO: Profimedia, Abaca Press