Новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска најави дека тие како партија воведуваат нов систем на работа и делување, во интерес на граѓаните.
– Тимови на СДСМ на централно и локално ниво, придужувани од партиски носители на функции, советници, нашите градоначалници, директори ќе се сретнат со граѓаните ширум републиката во текот на летото. На маалски и урбани со граѓаните ќе разговараме за нивните потреби, за отворените прашања, за работата на локалната самоуправа и градоначалниците, за работата на централната власт и на институциите, но и за начинот на решавање на проблемите. Ќе го забележиме она што ќе го посочат граѓаните и итно ќе делуваме низ нашиот систем. Што е добро сработено во изминатите две години, што треба да се подобри. Започнуваме од утре во Пробиштип и во сабота од Штип. Продолжуваме секој ден на терен со граѓаните. Со вас сме, на ваша страна, приклучете се, бидете гласни, вашиот став, вашето мислење за нас е важно и битно – рече Николовски.