Врховниот суд на денешната општа седница не разгледувал ниту една иницијативa. Судиите ги поминале другите точки, но бидејќи немало време иницијативите ги оставиле за наредната седница. Таа засега не е закажана.
Меѓу иницијативите кои се очекуваше денеска да ги разгледуваат врховните судии, е и таа од двајца адвокати кои бараат начелно правно мислење дали за разрешување на предложени судии ќе важи новиот Закон за судови кој е донесен годинава или стариот.
Новиот не е толку ригорозен како претходниот и предвидува судиите за кои се бара утврдување на одговорност да можат да добијат и само дисциплинска постапка.
Инаку, претседателот на Врховен, Јово Вангеловски, е еден од судиите за кој има иницијатива за разрешување, која се покрена против него и двајца негови колеги поради бегството на Сеад Кочан во 2017 година.