Град Скопје известува дека утре поради градежни активности за формирање прекоп за подземни инсталации на дел од булевар АСНОМ во Општина Аеродром, ќе биде воведен и времен сообраќаен режим.
Сообраќајот ќе се одвива според времено решение од 7 часот наутро до 14 часот попладне, па од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со булевар Васко Карангелевски, за сообраќај ќе се користи сервисната улица помеѓу Хотел Хилтон и Хотел Русија.
Во сабота во период од 7 до 18 часот поради градежни активности на булевар АСНОМ во близина на мостот Тодор Александров, сообраќајот ќе се одвива во неколку сообраќајни ленти во двете насоки и овој времен режим на сообраќај ќе важи до завршување на активностите.
Градот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот, воедно почитувајќи ја поставената сообраќајна сигнализација.