Утка во Охрид: Холандско знаме за амбасадорот на Франција (ФОТО)

292

Откако австрискиот канцелар Себастијан Курц пред Владата беше пречекан со погрешно знаме, овој пат се случи скандал во локалнадата самоуправа.

Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во понеделникот на средба во Охрид, со председателката на Советот на општината, Живка Ангелоска, бил пречекан со холандско знаме.

Тоа може да се види и од фотографијата која е објавена на општинскиот сајт, на која, на масата со македонското е поставено холандското наместо француското знаме.

А вака изгледа француското знаме во таа форма и положба:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...