Пендаровски: Подржувам, но од оваа позиција не можам да предводам промена на изборен модел

193

Претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека од позицијата на која се наоѓа само може да поддржи иницијативи за измена на Изборниот законик во однос на намалување на бројот на изборни единици.

– Јас од оваа позицијата на која сум можам само да поддржам иницијативи во таа насока. Се разбира дека не можам да ги предводам политичките процеси во таа смисла. Јас дадов веќе едно соопштение откако неколку политички субјекти дојдоа кај мене со тоа барање, бидејќи претходно како кандидат на претходни избори јас бев за тоа и сега сум, меѓутоа оставам тие политички субјекти да ја тераат понатаму работата во соработка, колку што знам што е последна информација, со некои меѓународни организации кои се занимаваат со тоа – реформи во изборните системи во транзициските држави – рече Пендаровски.

Тој рече дека доколку има потреба од негова понатамошна поддршка или учество кој било фаза во тој процес, би учествувал и би кажал што мисли, што е добро генерално за македонската демократија.

– Меѓутоа не би сакал од оваа позиција на претседател да го предводам тој политички процес, бидејќи мислам дека тоа е, пред сѐ и над сѐ, работа на политичките партии – рече Пендаровски по посетата на јужната граница во Гевгелија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...