Ако ја прашате оваа славна двојка, една венчавка не е доволна, па затоа заветите ги размениле два пати.
Првпат актерката Софи Тарнер и нејзиниот избраник, музичарот Џо Џонас застанаа пред олтарот во капела во Лас Вегас по доделување на музичките награди „Билборд“. Нивната ненадејна и скромна венчавка тогаш многумина изненади, а љубителите на модата со нетрпение го исчекуваа стајлингот кој Тарнер го избрала за овој настан.
Имено, ѕвездата на „Игра на тронови“ носела интересен свилен комбинезон со потпис на брендот „Бевза“, а може да се купи по цена од 580 долари.
Иако обожавателите по нивната размена на завети беа уверени дека тоа е тоа и дека најавувањето на летната венчавка во Франција нема да се случи, славната двојка уште еднаш успеа да ги изненади.
Софи и Џо одлучиле да ја повторат венчавката во друштво на пријателите и семејствата, а локацијата што ја избрале, луксузниот дворец на југот на Франција, веднаш открила дека ќе станува збор за раскошен, спектакуларен настан. Во согласност со тоа, Софи одбрала венчаница која го одзема здивот.
Станува збор за магична креација која ги комбинира двата најголеми трендови во светот на венчаниците, свила и тантела, а дизајнот го потпишува Луј Витон. Софи одбрала класичен крој и класични материјали, но се поиграла и со тренди детали како длабоко деколте за кое треба да се има храброст.
За ваквата раскошна креација во потполност да дојде до израз, Софи се одлучила за едноставно пуштена коса и благи кадрици, како и децентна шминка.
FOTO: Instagram/Printskrin