Амбасадата на САД за химната: Ненамерни грешки се случуваат во емотивни моменти

608

Амбасадата на САД во Македонија се огласи за грешката во изведбата на македонската химна на синоќешниот прием во амбасадата по повод 4 јули – Денот на независноста.

„САД имаат длабока почит кон традициите, историјата, хероите и иднината на нашиот пријател, партнер и сојузник Северна Македонија. Им благодариме на нашите пријатели и колеги за славење на нашата независност со нас минатата ноќ. Ние разбираме дека грешките може да се случат ненамерно во емотивни моменти, но им се заблагодаруваме на нашите пејачи за нивните прекрасни изведби“, напишаа од американската амбасада.

Тамара бара прошка: Ненамерно изоставив дел од химната, понесена од емоции

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...