Дозволете ми од дното на моето срце да ви се извинам за вчерашната грешка. Не постои поголема чест за еден уметник од пеењето на националната химна и токму поради тоа и ја прифатив поканата од амбасадата на САД. Не постојат зборови со кои можам да ја опишам мојата тага поради пропустот што го направив при пеењето на химната. Вака напиша пејачката Тамара Тодевска на Фејсбук, откако јавноста реагираше на нејзиното пеење на химната на одбележувањето на Денот на независноста на САД во амбасадата во Скопје во кое помеша строфи и ги изостави револуционерите Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули и Јане Сандански.
– Понесена од емоции и од целокупната еуфорија, за жал, ненамерно изоставив дел од химната. Уште еднаш ви се извинувам за оваа грешка и се надевам дека ќе најдете простор во вашите срце да ми простите – додаде пејачката.
ФОТО: Принтскрин / Јутјуб