Насилник кој упатувал закани кон газда на бар и со секира оштетил инвентар, заработи кривична пријава.
– СВР Струмица поднесе кривична пријава против 47-годишниот Ѓ.Е. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 24 мај во кафе бар на улица Јанко Цветинов во Струмица пријавениот упатил закани по животот на сопственикот, по што со секира оштетил дел од инвентарот – велат од СВР Струмица.