Тамара испеjа нова химна, без Гоце, Даме, Питу и Јане, на денот на САД ВИДЕО

1626

Без стихот кадешто се споменува Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, пејачката Тамара Тодевска ја испеја македонската државна химна на синоќешната прослава на националниот празник 4 јули – Денот на независноста на САД во американската мабасада во Скопје.

Такво видео се споделува од вчерашната прослава.

Впечатливо е дека освен тој стихот Тамара химната ја испеа испревртено. Прашање е дали ова е нов текст на македонската химна или Тамара го заборавила и стихот и целиот редослед на химната.

Вчера во дипломатското претставништво на САД на Кале се одржа прием на кој присуствуваа голем број гости, меѓу кои беа и претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, претставници на Владата, лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, претставници на дипломатскиот кор, бизнисмени и други..

Реакции имаше и од македонските здуженија во дијаспората, а особено од  Македонците од Бугарија и од Обединетата македонска дијаспора, која повика на итно изјаснување и извинување од страна на aмбасадата на САД во Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...