Силвестер Сталоне со семејството пристигна во Сплит, во Хрватска ќе го прослави 73. роденден

Силвестер Сталоне на 6 јули ќе ги прослави својот 73. роденден, и тоа најверојатно токму во Далмација.

2067

Легендарниот холивудски актер Силвестер Сталоне им се придружи на бројните колеги кои Хрватска ја одбраа за свој совршен летен одмор, пристигнувајќи во Сплит во друштво на членовите на семејството.

Иако 72-годишниот актер излегол низ споредниот излез на сплитскиот аеродром, фоторепортерите успеале да ја уловат неговата сопруга Џенифер Флавин како и ќерките Систина Роус, Софија Роус и Скарлет Роус, пишува „Слободна Далмација“.

Како што пишува „Слободна Далмација“, семејството Сталоне во Сплит пристигнало со лет од Венеција, а со луксузни црни комбиња биле префрлени до Западниот брег, каде со брод отпловиле на островите.

Силвестер Сталоне на 6 јули ќе ги прослави својот 73. роденден, и тоа најверојатно токму во Далмација.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...