Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неподготвеноста на некои земји да прифатат мултиполарен свет доведува до судири.
– Очигледно е дека светот се трансформира во мултиполарен. Во исто време, упорната неподготвеност на некои земји да ја прифатат оваа нова реалност доведува до судири – рече Путин на пленарен состанок на меѓународен форум за развој на парламентаризмот.
Путин порача дека итно е потребно да се изгради доверба во современиот свет.
– Неговата глобална агенда е сложена и обемна. Тој се соочува со големи предизвици и вистински, а не имагинарни закани – истакна Путин.
Тој смета дека одговорот на овие закани може да биде ефикасен доколку целокупната меѓународна заедница стане свесна за тие закани и доколку земјите се подготвени на преговори и донесување колективни одлуки.