Арбен Таравари повторно ќе ја извршува функцијата генерален секретар на Алијансата за Албанците. Тој денеска едногласно беше избран на првото централно Собрание на партијата што се одржа во Кичево.
Беа избрани и членовите на Централното претседателство, кое ќе има 31 член и плуc еден член од дијаспората со цел партијата да биде поефикасна и да има поголема политичка вредност. Првпат во Централното претседателство има членови и од дијаспората.
Бројот на членови, како што велат од партијата, не е конечен и ќе се допрецизира на наредното Собрание.