Тепачите на Ваљон Беља обвинети за насилство, пукачот непознат

485

Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог за тројцата напаѓачи Ваљон Беља, поранешниот економски директор на Гинекологија. Обвинителството ќе ги гон и за делото насилство.

Станува збор за инцидентот кој се случи на 20 декември лани, на паркинг позади маркет во Чаир.

Тројцата му се приближиле на оштетениот и го нападнале удирајќи го со тупаници по лицето и телото. Тогаш Беља беше ранет и кај коленото, но пукачот не е пронајден.

Ако МВР го утврди идентитетот на лицето кое пукало Основното јавно обвинителство Скопје ќе отвори постапка и против тоа лице.

„На критичниот ден, од страна на непознато лице кое било заедно со обвинетите, на оштетениот му била нанесена и огнострелна повреда во десната потколеница, но сторителот не е идентификуван. Во текот на кривичната постапка, Министерството за внатрешни работи лиши од слобода едно лице како евентуален сторител на кривичното дело. Во присуство на јавен обвинител, согласно Законот за кривична постапка, беше извршено препознавање, но оштетениот не го препозна тоа лице како лицето кое му ја нанело повредата со огнено оружје“, наведуваат од обвинителството.

За сите тројца на сила се мерки на претпазливост: забрана за напуштање на престојувалиште, повремено јавување кај службено лице во Судот, привремено одземање на патната исправа, како и забрана за приближување и одржување каков било контакт со оштетениот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...