Откриена причината за смртта на синот на шеикот – се предозирал на оргиите во својот дом ФОТО

Знамињата во Емиратите три дена ќе бидат на половина копје.

10004

Шеикот Калид бин Султан ал Касими ненадејно почина во Лондон на 39-годишна возраст, а модниот свет денеска се простува од него. Тој беше моден дизајнер и сопственик на моден бренд за мажи.

Знамињата во Емиратите три дена ќе бидат на половина копје.

Извор тврди и дека во пентхаусот на модниот дизајнер во Книгтсбриџ пронашле наркотици. Детективите неговата смрт засега ја водат како „необјаснива“, а засега сè уште никој не е уапсен.

– Неверојатно многу работеше и беше мошне талентиран. Беше прекрасна личност – изјавил поранешниот деловен партнер Елиот Фриезе.

Според неофицијалните информации, во станот во кој умрел синот на шеикот, била пронајдена дрога.

– Таму веројатно се случувала забава каде што луѓето се дрогирале и имале сексуални односи – рекол неименуван извор.

Како што пишува „Дејли мејл“, постои сомнение дека срмтта на Ал Касими е предизвикана од прекумерно земање дрога.

Шеикот на деветгодишна возраст се преселил во Лондон, каде учел во престижното училиште Тонбриџ во Кент. Во 2008 основал своја модна куќа Quasimi Homme, лани ја отворил првата продавница во Лондон, а настапувал и на модната недела во Париз и на Блискиот исток.

Инаку шеикот веќе загуби еден син. Во 1999 тогаш 24-годишниот Мохамед почина во Лондон од предозираност со хероин.

Според последните информнации од истрагата, истата судбина вчера ја доживеал и Калид, откако се предозирал на својата забава.

FOTO: Instagram/Printskrin

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...