Објавен е Конкурсот за обука на воени пилоти

267

 

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во рамките на Министерството за одбрана, денеска го објави Конкурсот за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата. 

– Упатуваме повик до сите граѓани државјани на Република Северна Македонија кои имаат желба да станат воени пилоти и кои имаат завршено прв циклус на студии (стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС) и не се постари од 28 години да ги достават потребните документи најдоцна до 01 август 2019 година во Воената академија, Касарна „Гоце Делчев“ – Скопје – се вели во информацијата од МО. 

Потенцијалните кандидати во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка – селекција на земја, проверка – селекција во воздух. 

 Повеќе информации во врска со објавениот Кокурс може да најдете на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.mod.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...