Јанчев ја среди улицата езеро во Кавадарци

1570

Средена е улицата во Кавадарци која беше оштетена со години и при секој дожд стануваше езеро.

Реконструирана е обиколницата „Западен булевар” во Кавадарци, која во минатото претставуваше проблем за безбедноста. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека е ова многу значајна сообраќајница, клучна артерија во градот. Се работи за комплетно нова траса која сега е подигната и со ново атмосферско решение и асфалтирање. Инвестицијата е околу 32 милиони денари.

– Ова беше голгота за кавадарчани повеќе од десет години, најуништена сообраќајница а и најексплоатирана од тешките товарни возила – рече градоначалникот, информирајќи дека за година ипол, се решени и  Западен и Северен булевар, две артерии од витално значење.

Тој соопшти дека до крајот на годината ќе се интервенира уште на неколку улици во градот и Кавадарци ќе го добие тоа што долги години го немаше, европски безбедни улици. Додаде дека останува само да се почитуваат сообраќајните знаци.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...