Пливањето го подобрува учењето

105

Пливањето го намалува нивото на хоромот на стрес – кортизол, а го зголемува ендорфинот, којшто ја намалува болката. Токму затоа, по пливање сме опуштени, а не уморни.

Бројни истражувања потврдија дека пливањето поттикнува обновување на нервните клетки во хипокампусот, кој, меѓу другото, е важен и за просторната ориентација, помнењето и способноста за учење нови податоци.

Eдноставно, пливањето нè прави попаметни. Докажано е дека децата што учат да пливаат во најраната возраст, имаат поголеми шанси за поефективно образование во споредба со децата кои подоцна учат да пливаат.

Истовремено со развојот на мозокот, пливачките движења ги активираат невроните во десната и левата хемисфера на мозокот, ја стабилизираат карлицата, ги зајакнуваат рамињата и ги подобруваат рефлексите.

Испитување спроведено во 2014 година покажа дека при пливање, протокот на крв низ мозокот се зголемува за 14 проценти. Сè ова, заедно со зголемувањето на ендорфинот како хормон на расположението, го изострува фокусот, овозможувајќи му на човекот поефективно и побрзо учење.

За најдобри резултати, треба да се плива триесет минути дневно и – трипати неделно.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...