По повредата на главниот актер, а потоа и експлозијата на сетот, уште еден инцидент го наруши снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд.
Легендарната Грејс Џонс го напушти снимањето само по неколку минути откако дојде на местото на снимање, пренесуваат светските медиуми.
Иако британската музичарка отсекогаш е позната по ексцентричното однесување, никој не очекуваше таква реакција. Наводно, се случил инцидентот, бидејќи Грејс била незадоволна, дури и навредена, од должината на текстот во сценариото на филмот. Иако беше договорена кратка „камео“ улога, Кели, според изворите, очекувала многу поголема.
– Има одреден углед, и сите се потрудија за таа да се чувствува добро. Но, очекувала многу поголема улога и на оваа епизодна улога гледа како на понижување – изјави извор од снимањето на новиот Џејмс Бонд.
Продуцентите на филмот, како што се очекуваше, се многу лути поради тоа што доаѓањето на Грејс Џонс беше голем трошок. За неа беше предвидено луксузно сместување во близина на „Пајнвуд студиос“ во Бакингемшир и ги исполнија сите нејзини барања , но сепајк поради неколкуте реченици во сценариото музичката легенда вознемирена замина од снимањето на филмот за агентот 007.