Во Академијата за Оскарите ќе има 50 отсто жени

82
ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Американската академија за филмска уметност и наука, која е задолжена за престижните награди Оскар, редовно е критикувана поради тоа што мажите во комисијата се огромно мнозинство во однос на жените. Поради тоа, во новото соопштение, оваа културна институција објави список од 842 имиња поканети да ѝ се приклучат, од коишто 50 отсто се жени, а 20 проценти се припадници на малцинствата.

Меѓу поканетите се и Леди Гага, Жан-Луј Трентињан и Жозијан Баласко. Ова е првпат во историјата на Академијата жирито да се состои од 50 отсто жени. Лани, тие тука беа застапени со 49 отсто.

На списокот, инаку се и имињата на Стерлинг К. Браун, Винстон Дјук и Летисија Рајт. Се очекува дека сите поканети кандидати ќе го прифатат членството.

Академијата последниве години постојано ја критикуваат и поради „елитизмот и недостатокот од расна и етничка разновидност“, како и други работи.

Затоа, оваа институција направи некои промени и внесе новитети, меѓу кои и поместувањето на датумот на доделувањето на Оскарите, како и скратување на свеченоста за којашто многумина сметаа дека трае предолго.

ФОТО: EPA / ETIENNE LAURENT

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...