Колинда Грабар – Китаровиќ ќе се кандидира за втор претседателски мандат на претстојните избори, пренесуваат хрватските медиуми, повикувајќи се на извор од Кабинетот на претседателката.
Хрватската радио телевизија објави дека оваа вест е потврдена.
– Грабар – Китаровиќ сигурно ќе се кандидира – рекол неименуван извор за ХРТ.
Истиот извор рекол дека нејзината кандидатура не е објавена бидејќи таа сака да се фокусира на државните обврски.
Инаку, Китаровиќ рекла дека ако одлучи да се кандидира, својата кандидатура ќе ја објави по обележувањето на годишнината од воено-полицијската акција Олуја на 5 август, бидејќи како што појаснила, било рано, а и не сака да ги меша државните обврски со изборната кампања.
Претседателските избори во Хрватска ќе се одржат на крајот на годината, а досега своја кандидатура објавија некогашниот премиер Зоран Милановиќ, пејачот Мирослав Шкоро, Иван Пернар и европскиот пратеник Мирослав Колакушиќ.
ФОТО: EPA / Valda Kalnina