Маж ја убил сопругата во зграда на Фондот за здравствено осигурување во Требиње

857

Маж ја убил сопругата во зградата на Фондот за здравствено осигурување во Требиње, пренесуваат тамошните медиуми.

Педесет и тригодишниот Славиша Ратковиќ пукал во 51-годишната Лилјана, која на лице место починала. Потоа тој се обидел да изврши самоубиство.

Лилјана била убиена на работното место, на пулт каде била дежурна, додека камерите ја снимиле целата трагедија.

Таа неодамна се развела од Славиша со кого била во брак речиси 30 години.

Откако Славиша си пукал во главата, со тешки телесни повреди бил однесен во Клиничкиот центар во Подгорица.

Во полиција немало пријави против него.

Повеќе детали засега не се откриваат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...