Томпсон опериран, ќе се врати на терен најдоцна за седум месеци

136

Кошаркарот на Голден стејт, Клеј Томпсон е опериран по повредата на вкрстените лигаменти на коленото добиена на последнито натпревар од финалето со Торонто.

Прогнозите се дека Томпсон на теренот ќе се врати најдоцна за седум месеци.

– Доколку се тече според превиденото, закрепнувањето ќе трае меѓу пет и седум месеци. И Клеј и екипата се посветени на успешно заздравување. Ќе чекаме колку што е потребно за целосна рехабилитација – соопшти Грег Лорен, агентот на Томпсон.

Голден стејт пред два дена го доби потписот на Томпсон за петгодишна соработка во договор тежок 190 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...