Кога рано утрото на 7 мај Папата Франциск слета на скопскиот аеродром целата држава беше на нозе, се функционираше како под конец, освен основниот радарски систем на скопскиот аеродром, објави Телма.
Според извори на телевизијата, во април и во мај оваа година основниот радар на скопскиот аеродром не функционирал, и тогаш навигациските служби работеле според бекап, народски кажано резервни процедури и со полуисправен радар.
Само еден ден по посетата на папата, на југот на државата за малку можело да дојде до судар на два авиони кои лошо биле насочувани.