Џулијата секако важи за една од ретките жени кои можат да ја засенат убавината и стилот на Меланија, а однесувањето на Трамп дефинитивно оди во прилог на таквите тврдења.
Имено, додека светските лидери позираа за потребите за заедничката фотографија, Трамп се свртел кон аргентинската претседателска двојка, која стоела зад него, па малку кокетно им шепнал нешто на што сите гласно се насмеале, а тој потоа гордо се свртел напред, со насмевка „од уво до уво“.
Пред оваа ситуација, која веднаш го предизвика вниманието на твитерџиите и на светската јавност, Доналд и Џулијана се ракувале, но и се бакнале во образ.
„Трамп ги игнорира светските лидери и флертува со првата дама на Аргентина. Изгледа таа е негов тип“, „Сакате да се обложите дека ќе отпатува за Аргентина во следните три месеци?“, „Изгледа Меланија е престара за него, па сега бара нови модели“, се само некои од коментарите.
Џулијана е мажена за аргентинскиот претседател Маурисио Макри, а оваа 44-годишна жена ги „краде“ сите погледи каде и да се појави, благодарејќи на специфичната, впечатлива појава, згодната фигура, но и одличниот моден стил, а често може да се слушнат коментари дека е „најубавата прва дама на светот“ и „современата Џеки Кенеди“.
FOTO: Skrinsot/Jutjub