Во стан во Аеродром пронајден мртов триесет и осумгодишен маж

910

Во 18.38 часот во СВР Скопје вчера било пријавено дека во стан на булевар „АВНОЈ“ во Скопје пронајден е починат Н.Ѓ.(38).

Од лекар од Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Аеродром. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...